
Одговорен за организација на предавања и научно истражувачка дејност при Катедра за безбедност, кризен менаџмент, заштита и спасување. Дополнително извршува задачи поврзани со меѓународна соработка, односи со јавноста, ажурирање на веб сајтот и социјалните медиуми на Воената академија.
д-р. Димитар Богатинов, вон. проф. е роден на 02.09.1983 година во Велес. Основното и средното образование го завршува во Свети Николе, а во 2006 година дипломира на Воената академија во Скопје, со што се здобива со звање дипломиран офицер.
Избран во научното поле компјутерска техника и информатика, научна област: Информациони системи и мрежи, а во 2016 година е избран за доцент во наставно научното подрачје на „Техничко технолошките науки“, во наставно научно поле: компјутерска техника и информатика, научна област: архитектура на сметачки системи, информациони системи и мрежи и обработка на информации
Оженет е и татко на 2 деца. По национална припадност е Македонец.