Вооружување на оклопни борбени возила(ВОБВ)

Код
PL805
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
8 Осми семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Целта на изучување на предметот е запознавање на конструкцијата на вооружувањето на оклопните борбени возила, обуката и извежбувањето по темите од овој предмет. Студентите-питомци да се оспособат за ракување со вооружувањето на транспортерот, односно да можат успешно да го користат оружјето и правилно да нишанат. Исто така да се оспособат за ракување и користење на митралезите на борбените возила на пешадијата, оклопните транспортери, тенковите и слично.

Содржина на предметната програма:Митралези на борбениоклопнивозила; Муниција; Направи за набљудување и нишанење (дење и ноќе); Подготовки за гаѓање; Гаѓање со спрегнат митралез од место и од застанување; Гаѓање со спрегнат митралез од кратко застанување; Гаѓање со митралез во движење; Гаѓање цели во воздушен простор со ПАМ и ПАТ; Гаѓање во различни услови; Гаѓање на големи далечини; Гаѓање со рачни бомби од оклопни борбени возила; Управување со оганот.Изучување на современи митралези со потекло од земји членки на НАТО воениот сојуз; Далечински управувана вооружена станица CROWS (Common Remote Operated Weapons Station) M153A4 соDRS TS3 Термална камера;