Код
TZ604
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
5 Петти семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
6
Задолжителност
Задолжителен
Соработник/Стручњак од практика
Цели на предметната програма (компетенции): Питомците да стекнат основни теориски знаења од областа на мрежните уреди, мрежните протоколи и администрацијата со истите
Содржина на предметната програма
- Вовед во мрежни протоколи,
- Интернет протокол верзија 4 заедно со неговите помошници (ARP, ICMP, IGMP, DHCP),
- разлика помеѓу физичките и Интернет адресите,
- хиерархијата на Интернет адресите,
- приватни адреси и NAT, фрагментација на пакети, креирање на адресни планови,
- проблемите кај IPv4 и креирање на IPv6,
- процес на проследување и упатување, алгоритми за упатување, интерно и екстерно упатување, автономни системи,
- RIP и OSPF како претставници на двете групи на протоколи за интерно упатување, со растојание на вектори и со состојби на линии,
- BGP како претставник на протоколите за екстерно упатување,
- транспортни протоколи TCP и UDP, контрола на задушување и обезбедување на фер пристап кон ресурсите со различни TCP варијанти,
- „best effort” моделот за квалитет на услуга и можност за градење на посовршени модели.
- Сигурност при Интернет комуникација.
- Филтрирање на IP пакети.
- Преглед на протоколи за сигурносна комуникација преку Интернет и нивна примена: Firewalls, IPsec (VPN), 802.1X.
- Протоколи на апликациско ниво.
- Практична работа во симулирана и реална околина.