Second cycle of study

Second cycle of study

Втор циклус - секц 0а

Втор циклус - секс 0 алерт

Услови за запишување на универзитески студии од II циклус (специјализација и магистратура):

  • Се утврдуваат за секоја студиска програма засебно
  • Поблиски информации содржи конкурсот за запишување
  • Основен услов е кандидатите да имаат завршено соодветни универзитески студии од I циклус во траење од најмалки 8 семестри и имаат освоено најмалку 240 кредити (ЕКТС)
  • За одредени програми, пред се од делот на специјализацијата, предвидени се посебни услови кои се пропишани со Статутот на Воената академија.

Втор циклус - секц 1

Настава

  • Наставата на универзитески студии од II циклус (специјализација и магистратура) се изведува преку предавања, консултации, изработка на семинарски работи, практични вежби, решавање конкретни тактички задачи и ставање во улога при извршување конкретни задолженија.
  • Испитите се полагаат по завршување на семестарот и кога кандидатот ќе ги исполни обврските на предметната програма и критериумите на ЕКТС.
  • Последниот семестар е предвидена изработка на специјалистички/магистерски труд и истите подлежат на јавна одбрана.
  • По завршувањето на универзитески студии од II циклус кандидатот стекнува за завршени магистерки студии 60 кредити, а за завршена специјализација 40 кредити според ЕКТС.

Втор циклус статус- секц 3

Статус

  • Со завршување на магистерските студии се добива диплома со назив магистер по менаџмент со одбранбено-безбедносни ресурси од соодветната област на студиската програма
  • Со завршување на специјалистичките студии се добива диплома со назив специјалист за соодветната насока (специјалист за командни и штабни должности и специјалист за заштита и спасување).
  • Студентот кој успешно ќе ги комплетира студиите од II циклус според програмата за магистратура, се здобива со право директно да продолжи со студирањето во III циклус до стекнување на академски степен – доктор на науки.