Во текот на 16-20 до декември 2024 година во Скопје се одржа состанок за ERASMUS+ KA210-ADU - Проект бр. 2022-1-TR01-KA210-ADU- 000084905 на тема: “Интеграција преку социјално и дигитално учење” Учесници на состанокот беа: Република Турција, организација Beytüşşebap Halk Eğitim Merkezi Müdürlüğü како главен координатор на проектот, Република Франција, организација Comité de Liaison Diagonal France, Воена академија – Генерал „Михајло Апостолски“ Скопје (партнер домаќин) и Република Шпанија, Asociación para el Desarrollo socioemocional de la persona, la sociedad y para la cooperación Internacional Uno (партнер).
На 17-ти декември учесниците ја посетија Воената академија „Ген. Михаило Апостолски“ во Скопје, каде што м-р Саша Смилески, асистент, капетан, даде кратка презентација на активностите на Воената академија со акцент на меѓународната соработка и тековните меѓународни проекти, од кои повеќето поддржани од Европската унија. Учесниците на проектот зборуваа за евалуација на проектните активности и идни активности. Учесниците направија финална евалуација на проектниот извештај (Project report – Handbook) и истите едногласно одлучија истиот да биде доставен како конечен проектен извештај за завршениот проект.
Вториот ден 18-ти декември, од 10:00-14:30 часот: Учесниците имаа можност да ја посетат хуманитарната организација „Св. Спас“ во Македонија. Проектните партнери најпрвин се запознаа со инфраструктурните објекти и можности на оваа хуманитарна организација: места за скадирање на храна (магацини), кујна за подготовка на храната и пунктови до каде се транспортира и дели истата.
Активностите на оваа хуманитарна организација се состојат во обезбедување на храна и доставување на истата до лица кои се регистрирани како: бездомници, лица во социјален ризик, мигранти, бегалци и други лица, на кои им е неопходна хуманитарна грижа и поддрша без разлика на нивната етничка или религиозна припадност.
Третиот ден, 19-ти декември од 11:00-14:00 часот, учесниците на проектот направија културна тура низ турската чаршија. Овде имаа можност да ги посетат и накратко да им се раскаже историјата на: Мурат пашината џамија, гробот на Гоце Делчев во цркавата „Св. Спас, Воениот музеј и Куршумли Ан во рамките на музеите на Македонија, посета на турската чаршија и нејзините културни знаменитости, бит пазар и спомен куќата на мајка Тереза.
Истиот ден во време од 18:00-20:30 часот партнерите од проектот согласно распоредот на активностите се запознаа со скопското Руфаи Теќе, чија историја, активности и неговата културно наследство им беше презентирано од шеихот Муртезан Муртезани.
По овој настан, VI-тиот меѓународен состанок на проектот ISDL заврши и ги исполни целите и насоките за претстојниот настан. Изразуваме, благодарност до сите учесници, партнерски организации и поединци кои придонесоа за успехот на оваа меѓународна средба во Скопје. Исто така, ја изразуваме нашата благодарност до организациите и институциите домаќини за нивното топло гостопримство и поддршка. Со овој состанок проектот ISDL заврши и во целост ги исполни потребните очекувања.