Воената академија како лидер во академската и институционалната сфера се придружи во одбележувањето на меѓународниот ден за елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, 25ти ноември, кој оваа година се одвива под слоганот на Обединетите нации #NoExcuse или #БезИзговори и глобалната шеснаестдневна кампања на активизам за искоренување на сите форми на роодвобазирано насилство. Активностите завршуваат на 10ти декември- светскиот ден на човекови права.
По тој повод во амфитеатарот на Воената академија се организираше „портокалов“ панел за питомците од прва, втора и трета година на студии и нивите командири, која свечено ја отвори деканот проф.д-р Митко Богдановски, полковник, упатувајќи силна поддршка за кампањата. Деканот во своето обраќање истакна дека силата на вистинските лидери не е во насилството,а воената академија е посветена на градење на такви идни лидери.
На панелот се обрати и проф.д-р Невена Серафимова, како првата жена која била избрана на продеканска позиција на Воената академија. Со свои излагања настапија проф.д-р Александар Грижев, мајор и сертифициран родов обучувач кој зборуваше за глобалната агенда за жени, мир и безбедност, како и институционалните механизми за справување со родово базирано насилство, професорката Билјана Каровска Анодновска која зборуваше за физчкиот и менталниот интегритет како основно човеково право, проф.д-р Лазар Ѓуров, потполковник кој одржа кратка работилница на тема Асертивноста како начин на градење на здрави релациии, авторитет и меѓусебна почит, и проф.д-р Андреј Илиев кој даде историски осврт и перспектива кон проблематиката. Модераторка на панелот беше доц.д-р Весна Попоска, која ја истакна важноста на Истанбулската конвенција и постети на наследството на сестрите Мирабел во падот на режимот на Трухиљо и глобалната историја.
Настанот беше организиран од страна на катедрата за кризен менаџмент, заштита и спасување во соработка со катедрата за општествени науки.