Успешно реализиран курсот „Управување со закани во сајбер просторот“

21.10.2024

Во периодот од 07.10 до 10.10.2024 година во просторите на Универзитетот Лудовика во Будимпешта се одржа курс во организација на Универзитетот Лудовика и Воената Академија Генерал Михаило Апостолски. Курсот на тема „Управување со закани во сајбер просторот“ беше поддржан од страна на Европскиот Колеџ за безбедност и одбрана (ESDC- European Security & Defence College) и Агенцијата за сајбер безбедност на Европската Унија (European Union Agency for Cybersecurity (ENISA) и двете со седиште во Брисел, Белгија.

Слушателите на курсот дојдоа од повеќе земји од Европската Унија меѓу кои Португалија, Луксембург, Латвија, Бугарија, Франција и Унгарија, имаа можност да се запознаат со најновите закани со сајбер просторот, позначајните инциденти и да ги осознаат начините за превенција од истите. Темите кои ги покрива курсот беа разработени преку интерактивна теоретска и практична настава со цел подобрување на вештините за имплементација на мерки за заштита во сајбер просторот.

Покрај придонесот во организација на настанот, Воената Академија учествуваше и со двајца предавачи. Проф. Д-р Ќире Јаќимовски и М-р Гоце Стеваноски од Институтот за Сајбер Безбедност и Дигитална Форензика, обработија две значајни теми со кои направија анализа од технички аспект на современите закани и инциденти во сајбер просторот, со што ја поставија основата за понатамошната обука на слушателите во примена на различните контроли за управување на заканите и реакција при инцидентите.

Галерија