СТАНЕТЕ ОФИЦЕРИ ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!
Ги повикуваме сите млади на возраст до 28 години, со завршен прв циклус на студии по: машинство, електротехника, сообраќај и транспорт, одбрана, безбедност, економски, правни науки, организациони науки и управување (менаџмент), музички уметностии други полиња наведени во овој конкурс,заинтересирани за кариера во Армијата на Република Северна Македонија, да се пријават на Конкурсот кој го распишува Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Избраните кандидати ќе бидат пратени на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата на Република Северна Македонија во времетраење од 6 месеци, по што слушателите кои со успех го завршиле процесот, ќе бидат произведени во чин поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана, во согласност со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата на РепубликаСеверна Македонија.
Сите детали за конкурсот, условите и процедурата можете да ги најдете во конкурсот објавен во продолжение.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – Скопје
Врз основа на член 25 став 1 од Законот за Воената академија („Службенвесник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје (во понатамошниот текст: Академијата) распишува
КОНКУРС
зазапишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на
Министерството за одбрана и Армијатана Република Северна Македонија
Академијата распишува конкурс за запишување на30(триесет) кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери за службитево Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.
Стручното оспособување и усовршување е со времетраење од 6 (шест) месеци.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
На конкурсот може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови и тоа:
ОПШТИ УСЛОВИ
- да се државјани на Република Северна Македонија;
- да имаат завршено прв циклус на академски студии(додипломски студии) со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС во следниве научни подрачја и полиња (согласно Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според маѓународната Фраскатиева класификација): техничко-технолошки науки (електротехника, електромашинство, електроника и автоматика, машинство, сообраќај и транспорт, телекомуникационо инжинерство, компјутерска техника и информатика,општествени науки (сите полиња); научно подрачје хуманистички науки (музички уметности);
- да не се постари од 28 (дваесетиосум) годинина денот на пријавување и поднесување документи и
- да се психофизички способни;
ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации, што утврдува надлежен орган во Министерството за одбрана;
- да го положат тестот за физичка способност согласно тест-програмата за проверка на физичката способност на лица со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби;
- да ја поминат проверката на познавање на англиски јазик;
- да ја поминат проверката на интервју;
- за сообраќајна служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје техничко-технолошки науки во научно поле сообраќај и транспорт;
- за техничка служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје техничко-технолошки науки во следните научни полиња: машинство(моторни возила, автоматика, производно инженерство технологии и системи, транспортна механизација, механика на флуидите и струјно технички системи),телекомуникационо инжинерство (сите области), компјутерска техника и информатика (сите области);
- за музичка служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научното подрачје хуманистички науки, во научно поле музички уметности (видови на инструменти-гудачки, пиано, харфа, хармоника, дувачки, ударни и други);
- за општо-воена специјалност-15 кандидати; кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научното подрачје општествени науки, во сите полиња.
При избор на кандидати за стручно оспособување и усовршување се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на етничките заедници и развој на родова перспектива, со почитување на принципот на стручност и компетенции.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ
Критериумите за запишување на лицата со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за потребите на Министерство и Армијата се:
1. Општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии;
2. Да ја поминат проверката за утврдување на психофизичката способност;
3. Успехот постигнат од проверка на физичката способност;
4. Успехот постигнат од проверка на познавање на англиски јазик и
5. Да ја поминат проверката на интервју.
Вреднувањето на критериумите се изразува во поени.
ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ ПРИ ПОЧЕТНОТО РАНГИРАЊЕ
Максималниот број на поени што кандидатот може да ги освои по сите критериуми изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии учествува со најмногу 40 поени.
Успехот од проверка на физичката способност се вреднува со најмногу 20 поени.
Успехот од испитот по англиски јазик се вреднува со најмногу 20 поени.
Проверката од реализираното интервју се вреднува со најмногу 20 поени.
Вреднувањето на успехот од прв циклус на четиригодишни студии се врши на следниот начин: се собираат сите оцени што се внесени во уверението за положени испити од сите години на студии, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 4. На ваков начин најмногу можат да се добијат 40 поени.
Вреднувањето на физичката способност на кандидатите се врши според Тест- програмата за проверка на физичката способност на лица со завршен прв циклус на академски студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служба, така што постигнатиот број на поени на тестот (најмногу 100 поени) се множи со коефициент 0,2. На ваков начин можат да се добијат најмногу 20 поени.
Вреднувањето на успехот постигнат на испитот по англиски јазик се вршитака што постигнатиот број на поени на тестот (најмногу 100 поени) се множи со коефициент 0,2. На ваков начин можат да се добијат најмногу 20 поени.
ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот го спроведуваат Конкурсна комисија што ја формира деканот на Академијата.
По техничка обработка на документацијата, конкурсната комисија ги упатува кандидатите на проверка на психофизичката способност која ја спроведува Воено-лекарска комисија во Воено-медицинскиот центар.
Воено-лекарска комисија доставува известување потпишано од членовите на комисијата, за извршените лекарски прегледи на кандидатите до Конкурсната комисија, во рок од три дена по спроведените прегледи.
Против наодот, оценката и мислењето на Воено-лекарската комисија кандидатот може да поднесе жалба во рок од три дена од денот на известувањето за наодот, оценката и мислењето, до второстепена Воено-лекарска комисија.
Одлуката на второстепената комисија е конечна.
При проверка на психофизичката способност, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитет (лична карта или патна исправа) и здравствена книшка.
Кандидатите кои поминале на проверка на психофизичката способност се упатуваат на проверка на физичката способност.
Проверката на физичка подготвеност се врши според Тест програмата за проверка за физичката подготвеност објавена на веб страната на Министерството за одбрана и Академијата на следниот линк: https://ma.edu.mk/upis/test-programa-za-proverka-na-fizichka-sposobnost
Проверката на физичка способност има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидати што не ги задоволиле предвидените норми, односно кои не освоиле минимум 10 поени од можни 20 поени за секоја дисциплина поединечно.
При проверка на физичката способност, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитет (лична карта или патна исправа) и спортска опрема.
Кандидатите кои ќе ја поминат проверката на физичката подготвеностсе упатуваат на проверка на познавање на англиски јазик.
Проверката за познавање на англиски јазик се спроведува со полагање соодветен тест во Центарот за странски јазици при Команда за обука и доктрини на Армијата.
Проверката на познавање на англиски јазик се врши според ALCPT тест(http://www.dlielc.edu/testing/alcpt_test.php).
Проверката со интервју ја спроведува Конкурсната комисија преку водење на разговор со секој од кандидатите поединечно.
Рангирање на кандидатите
Вкупниот број на поени, врз кои се врши рангирањето на кандидатите, се добива со собирање на поени од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус наакадемски студии, од проверка на физичката способност, од проверка на познавање на англиски јазик и од проверка со интервју.
Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија.
Услов за рангирање и избор на кандидатите за стручно оспособување и усовршување се освоени минимум 60 поени добиени по сите основи од можни 100 поени.
Во рок од 24 часа по реализацијата на сите проверки, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и веб страната на Академијата прелиминарна ранг -листа на добиените резултати на кандидатите со завршен прв циклус на студии за запишување на стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството и Армијата, за секоја служба.
Во ранг-листата за секој кандидат се истакнуваат: бројот на поени од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на академски студии, бројот на поени од проверка на физичката подготвеност, бројот на поени од проверка на познавање на англиски јазик, бројот на поени од реализирано интервју и вкупен број на поени.
На прелиминарната ранг-листа, кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Доколку нема поднесено приговори во предвидениот рок, прелиминарната ранг -листа станува конечнаранг-листа.
По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Академијата утврдува и доставува мислење со предлог до министерот за одбрана. Министерот за одбрана донесува решение за прием на кандидати за запишување за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството и Армијата.
РОКОВИ
Заинтересираните кандидати за упис на стручно оспособување и усовршување за офицериза службите на Академијата можат да ги достават потребните документи за пријавување 8 (осум) дена од денот на објавувањето на конкурсот, односно најдоцна до 23.03.2023 година.
По утврдување на пријавните листи, само пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани да го започнат процесот на селекција.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Кандидатите кои конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следниве документи:
- пријава (пополнет формулар кој се добива во деловодство на Академијата или на веб страната на Академијата) линк: https://ma.edu.mk/upis/kako-da-konkurirash.
- диплома и додаток на диплома или уверение за завршен прв циклус на студииза кандидатите на кои до денот на објавување на конкурсот не им е издадена диплома, односно нострифицирана диплома за кандидатите кои дипломирале во странство;
- уверение за државјанство;
- извод од матичната книга на родени;
- уверение од надлежен суд за неизречена мерка - забрана за вршење професија, дејност или должност и
- кратка биографија (CV).
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Академијатаили по пошта на адреса ул. ,,Васко Карангелески“ бб во Скопје.
ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ
Кандидатите кои се примени на Конкурсот застручно оспособување и усовршување се стекнуваат со статус на слушател.
Посебните права и обврски наслушателитеќе бидат уредени со договор.
На слушателите за време на стручното оспособување и усовршување им се обезбедува:
- сместување и исхрана, униформа и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирање, без надоместок;
- здравствено и инвалидско осигурување, доколку не им е обезбедено по друг основ;
- надомест на патни трошоци за превоз за доаѓање на Академијата и за враќање до местото на живеење во висина на чинење на автобуски билет и тоа на почетокот и на крајот на стручното оспособување и усовршување, како и на патни трошоци за упатување на пракса од Академијата, доколу не го користат организираниот редовен превоз и
- месечни парични примања за намирување на неопходни лични потреби, во износ од 100% од просечната исплатена месечна нето-плата по работник во Република Северна Македонија, објавена од Државниот завод за статистика за последниот месец пред исплатата.
По завршување на стручното оспособување и усовршување,слушателитесе произведуваат во чин поручниквосоодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана, во согласно со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата наАрмијата на Република Северна Македонија.
Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА