Реализирано учество на вежба: ,,транспорт на радиоактивни материи во институцијата биотек

05.04.2022

Питомците од родот АБХО земаа учество на вежба:  ,,Транспорт на радиоактивни материи" во институцијата Биотек, која има дозвола за вршење на транспорт на радиоактивни  материи за други потреби издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност.

За време на вежбата, питомците имаа можност да ги видат возилата наменети за транспорт на радиоактивни материи (класа 7), начин на транспорт, опремата која ја поседуваат лицата вклучени во транспортот, заштита  на  радиоактивните извори, типот и начинот на пакување на радиоактивните материи како и безбедно и сигурно транспортирање до крајните корисници.


GALLERY

Декан: Митко Богданоски
Продекан: Елениор Николов
Продекан: Ненад Танески

СООПШТЕНИЈА