28.09.2021
ENGLISH
Strengthening SEE resilient cyber defence against hybrid threats (strength) is the topic of the Advanced Training Course (ATC) organized by the Military Academy “General Mihailo Apostolski” – Skopje, Cyber Security, Crisis Management and Corporate Security Institute C3I, and Little Mama Labs, Bosnia and Herzegovina, supported by the NATO Science for Peace and Security programme in the period from 27.09 to 01.10.2021 in Ohrid, Republic of North Macedonia.
The co-directors of this NATO Science for Peace and Security supported a 5-day event, Prof. Dr. Sc. Mitko Bogdanoski and Prof. Dr. Sc. Sabina Baraković opened the first session with the strong NATO SPS and Ministerial officials’ support by the Minister of Defense of the Republic of North Macedonia Ms. Radmila Shekerinska Jankovska and the Minster of Defense of Montenegro Ms. Olivera Injac.
The ATC event gathered esteemed experts and decision-makers from relevant state institutions of NATO member and non-member states with a goal to provide a forum for discussion and sharing best practices and to set grounds for raising the awareness about the Alliance and SEE evolving complex threat environment and to establish a foundation for long-term collaboration on a multidisciplinary level among the defence and security experts and academia.
The goal of this activity is to set a path for establishing and creation of SEE Network of defence security. The first block of the ATC allows a deeper understanding of how state and non-state actors conduct hybrid threats, how to identify the hybrid methods that are used and particularly how NATO’s preparedness, deterrence and defence strategy will help SEE governments in countering hybrid threats, specifically via cyberspace and why it needs strengthened coordination among international organizations, especially between NATO and EU.
The opening of the ATC event featured keynote addresses by highly important speakers including Senior Guest’s Address:
- HE Radmila Sekerinska Jankovska, Minister of Defence, Republic of North Macedonia
- HE Olivera Injac, Minister of Defence, Montenegro
- Dr. Deniz Beten, Senior SPS & Partnership Cooperation Advisor
The event started with introductory remarks by the co-directors, who underlined the necessity to discuss hybrid threats through cyberspace, their constant evolution and expected developments in the foreseeable future. Moreover, they pointed out how central cooperation in the SEE region is in countering hybrid threats in the ever-evolving security landscape, with an emphasis on complementary efforts and non-duplication.
HE Radmila Sekerinska Jankovska, Minister of Defence, Republic of North Macedonia, in her speech pointed out that the threats we face in the 21 century make up for an entirely different security environment, so our defence strategies need to be just as dynamic and adaptable. She stressed that NATO continuously invests in its strategy in countering hybrid warfare and stands ready to defend all Allies against any threat, whether conventional or hybrid. She stated that having in mind the immense significance of cyber security in the overall contemporary security environment, there is a strong commitment to investing in its progress, thus strengthening the Alliance’s resistance in general. In this context she announced that efforts to launch the new Institute for Cyber Security and Digital Forensics within the Military Academy “General Mihailo Apostolski” – Skopje are being finalized with the purpose of training and educating all cyber security professionals on a national and regional level, thus becoming an educational hub in the area of cyber security and digital forensics.
MACEDONIAN
Зајакнување на отпорноста на сајбер одбраната против хибридните закани во реонот на Југоисточна Европа, е темата на напредниот курс кој се организира од страна на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Иницијатива за Сајбер и Корпоративна безбедност и кризен менаџмент (C3I) и Little Mama Labs, Босна и Херцеговина, поддржан од Програмата на НАТО - Наука за мир и безбедност (NATO SPS) во периодот од 27.09 до 01.10.2021 година во Охрид, Република Северна Македонија.Ко-директорите на овој петдневен настан поддржан од Програмата на НАТО - Наука за мир и безбедност, проф. д-р Митко Богданоски и проф. д-р Сабина Бараковиќ ја отворија првата сесија со силна поддршка од NATO SPS и поддршка од Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска Јанковска и Министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац.
Настанот организиран за овој напреден курс собра ценети експерти и носители на одлуки од релевантни државни институции од земји-членки на НАТО и други партнерски земји со цел да се овозможи форум за дискусија и размена на најдобра пракса, како и да се создаде основа за подигање на свеста за динамичната и сложена средина на закани во Алијансата и регионот на Југоисточна Европа и да се постават темели за долготрајна соработка на мултидисциплинарно ниво помеѓу експертите и научната фела во областа на одбраната и безбедноста.
Целта на оваа активност е да се постават основи за воспоставување и создавање на мрежа за одбрана и безбедност во регионот на Југоисточна Европа. Првиот блок на напредниот курс овозможува подлабоко разбирање на начинот на кој државите и другите недржавни актери спроведуваат хибридни закани, како да се идентификуваат хибридните методи кои се користат, а посебно како Стратегијата на НАТО за подготвеност, спречување и одбрана ќе им помогне на земјите од регионот на ЈИЕ да се спротивстават на хибридните закани, посебно во сајбер просторот и зошто е потребна зајакната координација помеѓу меѓународните организации, со акцент на НАТО и ЕУ.
Отворањето на напредниот курс беше проследено со виртуелно присуство на следните високи гости од Република Северна Македонија, Црна Гора и Програмата на НАТО - Наука за мир и безбедност кои имаа свои обраќања:
Радмила Шекеринска Јанковска, Министерка за одбрана, Република Северна Македонија
Оливера Ињац, Министерка за одбрана, Црна Гора
д-р Дениз Бетен, Виш советник за SPS и партнерска соработка
Овој настан започна со воведни говори од страна на ко-директорите, кои ја потенцираа потребата да се дискутираат хибридните закани во сајбер просторот, нивната постојана еволуција и очекуваните случувања во блиската иднина. Тие исто така ја истакнаа важноста на соработката во регионот на ЈИЕ во борбата против хибридните закани во сѐ пософистицираната безбедносна средина со акцент на надополнувњето и неудвојувањето на напорите.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска во својот говор потенцираше дека заканите со кои се соочуваме во 21 век создаваат една сосема различна безбедносна средина, и затоа нашите одбранбени стратегии треба да се исто толку динамични и приспособливи. Таа напомена дека НАТО постојано вложува во својата стратегија за справување со хибридното војување и е подготвен да ги одбрани сите сојузници против секоја закана, без разлика дали е конвенционална или хибридна. Таа истакна дека имајќи ја предвид огромната важност на сајбер безбедноста во целокупната современа безбедносна средина, постои силна определба за вложување во нејзиното усовршување, со што се зајакнува и целокупната отпорност на Алијансата. Во овој контекст таа најави дека напорите за отпочнување со работа на новиот Институт за сајбер безбедност и дигитална форензика во рамките на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, се при крај со цел образование и обука на сите професионалци во сајбер безбедноста на национално и регионално ниво, со што би станал образовен центар во областа на сајбер безбедноста и дигиталната форензика.