:en succesful accomplishment of master instructor program (mip) - 3: :mk реализирана работилница со наслов трета обука за обучувачи за методологија за подобрување на наставниот процес:

24.09.2021

ENGLISH


During the period 17-20.9.2021, a workshop entitled "Observation and evaluation" from Phase 3 of the Master Instructor Program (MIP) took place at the Military Academy. The purpose of this program is to establish a team of instructors who will actively contribute to the improvement and modernization of the teaching processes and the teaching staff of the Military Academy and, through establishing cooperation and partnership, to other institutions both in the country and abroad. The workshop was organized in cooperation with the NATO Defense Education Improvement Program (DEEP). Six teachers from the Military Academy participated, and the training was conducted by DEEP certified curriculum development educators.



Within the MIP’s Third Phase, a summative assessment and evaluation of the achievements in the previous phases were made. According to the defined schedule, the participants have presented educational content on the following topics:
  • Andragogy
  • Critical Thinking
  • Motivation
  • Bloom's Taxonomy
  • Learning Styles
  • Teaching Methods
  • Instructional Design
  • Assessment
  • Assessment Rubrics
  • Evaluation and Feedback
  • Education through Emerging Тechnologies (LMS/e-learning at the Military Academy)

The purpose of these lectures is to introduce the listeners to the principles of adult learning, to the best practices based on learning theory and their connection to instructional planning and curriculum development, to teaching and learning methods, to the need of establishing clear links between the content of the course and the learning objectives, to curriculum design and curriculum development, as well as to the techniques of formative and summative assessment and evaluation.

In the end, the expert assessors expressed their views on the successful completion of Phase 3 of the program. They also presented the guidelines for the next, fourth phase to be implemented within the next two years, the final result of which will be the creation of a sustainable program for teaching staff development, supported by an instructors’ team that applies modern instructional techniques.

MACEDONIAN

Во периодот 17-20.9.2021 година, во просториите на Воената академија беше реализирана работилница од третата фаза на Програма за мастер инструктори (MIP) под наслов „Опсервација и евалуација“. Целта на оваа програма е формирање на тим на обучувачи кои ќе можат во иднина активно да придонесуваат во унапредувањето и осовременувањето на наставните процеси и наставниот кадар на Воената академија, но и пошироко, преку остварување на соработка и партнерство во земјата и странство. Работилницата беше организирана во соработка со НАТО Програмата за подобрување на образованието во одбраната (DEEP). Учесници беа шест наставници од Воената академија, а обуката ја изведоа сертифицирани обучувачи на DEEP за развој на наставни програми.



Во третата фаза на MIP беше направена сумативна оценка и евалуација на постигнатото во претходните фази. Согласно претходно утврдена програма, учесниците имаа презентации / предавања на темите:
  • Андрагогија
  • Критичко размислување
  • Мотивација
  • Таксономија на Блум
  • Стилови на учење
  • Наставни методи
  • Наставен дизајн
  • Оценување
  • Оценувачки рубрики
  • Евалуација и фидбек
  • Образование и новите технологии (е-учење на Воената академија)

Целта на овие предавања е запознавање на слушателите со принципите на учењето за возрасни, со најдобрите практики базирани на теоријата на учење и нивно поврзување со планирањето на наставата и развојот на наставната програма, со методите на настава и учење, со потребата од воспоставување на јасни врски помеѓу содржината на предметот и целите за учење, со наставниот дизајн и развојот на наставната програма, како и со техниките за формативно и сумативно оценување и евалуација.

На крајот, инструкторите – оценувачи ги искажаа своите видувања за успешно завршената трета фаза од обуката. Воедно, тие ги презентираа и насоките за следната, четврта имплементирачка фаза на програмата која треба да се спроведе во наредните две години, а конечниот резултат ќе биде создавање на одржлива програма за развој на наставен кадар, поддржана од обучувачки тим кој користи модерни техники на обучување.

GALLERY

Декан: Митко Богданоски
Продекан: Елениор Николов
Продекан: Ненад Танески

prodekan

СООПШТЕНИЈА