Свеченост по повод промоција на 27 нови потпоручници од 20-та класа, и заклетва на 24-та класа питомци во воената академија

21.10.2020



Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска се одржа свеченост по повод промоцијата на Дваесет и седум потпоручници и свечена заклетва на нови 40 питомци, кои со давањето на свечената заклетва го започнаа своето четиригодишно воено образование.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на овие две класи им честиташе што одбрале професија која е високо ценета, угледна и благородна и изрази убеденост дека со својата работа овие сегашни и идни офицери ќе ја заслужат високата доверба која граѓаните ја имаат во Армијата.
На ново-примените 40 питомци, кои се и првата класа кои го започнуваат военото образовани во нашата земја како полноправна членка на НАТО, министерката им порача дека во следните четири години ја научат тежината и одговорноста, но и благородноста на униформата.
„За вас, навистина само небото нека биде граница. Искористете го знаењето, вештините и искуството на вашите предавачи и професори. Грабете напред и немојте да ја изгубите жедта за знаење. Секоја секунда помината на оваа Академија учете како да се биде подобар офицер, затоа што таа посветеност е состојката за секоја успешна кариера“, истакна министерката.
На свеченоста беа наградени тројцата прворангирани потпоручници, Биљана Дуловиќ од Црна Гора и Гоце Софески и Филип Младеновски од Северна Македонија, а плакета им беше доделена и на професорите на Воената академија кои годинава заминуваат во пензија.
Потпоручничката Дуловиќ на младите питомци им порача: „Ја облековме униформата и од тогаш сите навики од порано ги заменивме со нови. Организирани, временски ограничени во рамките на распоредот и со тоа станавме питомци, станавме свесни за важноста на времето. Тогаш за прв пат бевме горди сами на себе. Тука заедно стануваме, работиме се смееме и тагуваме. Ние правејќи го тоа имавме прилика без зборови да препознаеме кога некој е изморен, тажен, среќен или пак гладен. Само кога ќе успеете како нас од 27 различни луѓе карактери, однесување и желби да бидете целина, семејство во кое секој ќе подаде рака на оној кој има потреба од неа, ќе стигнете до целта и сите во ист чекор ќе станете офицери“.


GALLERY

"