ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВТОР УПИСЕН РОК на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје

14.08.2017

 

Согласно Конкурсот за запишување на студенти/питомци на прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во учебната 2017/18 година објавен во дневните весници „Дневник“ и „Коха“ на 04.05.2017 година, ги известуваме сите заинтересирани кандидати за упис на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, во студиската 2017/2018 година дека се слободни 10 (десет) места за студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Во вториот уписен рок може да се пријави секој кандидат што ги исполнува општите и посебните конкурсни услови, вклучително и оние кандидати кои во првиот уписен рок немаа комплетна конкурсна документација.

Документите за пријавување во вториот уписен рок да се достават на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје на 15-ти и 16-ти август 2017 година во периодот од 08,30 часот до 16,30 часот.

Со почит,
Воена академија-Скопје