Во рамките на договорената соработка помеѓу Центарот за управување со кризи и Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, а согласно студиската програма и планираните активности по предметот „Системи за управување со кризи и заштита и спасување“, студенти од Академијата, на 10 ноември 2016 година го посетија Центарот за управување со кризи. Студентите беа примени оде страна на Заменик Директорот на ЏУК г. Мутахир Максут.
За време на посетата, претставникот на ЦУК, Роберт Ристески, ги запозна студентите со основните законски „Задачи, функција и цели на Центарот за управување со кризи“, а раководителот на Секторот за операции и координација, Душко Петровски со Оперативниот центар во ЦУК. Исто така, студентите беа запознати со начинот на прием и предавање известувања и информации, дистрибуција на дневниот билтен и информација како и размената на вонредни известувања и информации.
Меѓу двете институции договорено е овој вид на посети и запознавање на студентите да продолжи и во наредниот период со продлабочување на взаемната соработка.