Една од иницијативите што произлезе од посетата на високата воена делегација од Националниот универзитет за одбрана на НР Кина на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, одржана на 15 ноември 2016 година е отпочнување на сеопфатна соработка во областа на образовната и научно истражувачката дејност.
За време на средбата Деканот на Воената академија полковник д-р Орце Поповски, редовен професор истакна дека од заемен интерес за двете институции е отпочнување на размена на предавачи и експерти, како и искуства во областа на високото воено образование.
Во текот на разговорите предводникот на кинеската делегација Генерал мајор Жанг Јиангли искажа задоволство од посетата на Воената академија и ја потенцираше подготвеноста на неговата институција да земе учество на меѓународната активност „Летен кампус“, која се одржува секоја година во организација на Воената академија, најнапред преку номинирање на предавачи, а потоа и со учество на питомци од НР Кина.
Како дел од посетата тројца претставници на кинеската делегација Генерал мајор Жанг Јиангли, постарполковник Чао Јанжонг и постарполковник Јоу Донксиао одржаа предавања на Воената академија пред студентите од стручно специјалистичките студии за командно штабни должности, наставниот персонал на Воената академија и претставниците од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија на тема „Националната одбранбена политика на Народна Република Кина“.
18.11.2016