На 15 ноември 2016 година Бригадниот генерал Гордана Гарашиќ, заменик директор на Центарот за безбедносна соработка RACVIAC во Загреб, Хрватска одржа предавање на тема „Жените, мирот и безбедноста“ пред наставниот кадар и питомците на Воената академија.
Во своето предавање Генерал Гарашиќ ја истакна важноста на родовата перспектива во рамките на вооружените сили, со посебен акцент во мировните мисии. Во тој контекст таа го сподели своето искуство како советник за родови прашања во склоп на мисијата на НАТО ИСАФ во Авганистан во 2014 година.
За време на посетата претставници од Воената академија остварија и работна средба со Бригадниот генерал Гордана Гарашиќ, на која разменија искуства во врска со високото воено образование во Република Македонија и Република Хрватска, како и воената обука и усовршување на кадрите во двете земји.
Во име на Центарот за безбедносна соработка RACVIAC, Генерал Гарашиќ се заблагодари за досегашната соработка со Воената академија, посебно за поддршката на досегашните проекти и активности на RACVIAC во областа на Сајбер безбедноста и истакна дека постои интерес за понатамошно проширување и продлабочување на соработката и во други области од заеднички интерес на двете институции.
18.11.2016