16.11.2016
ENGLISH
The C4I & Cyber Center of Excellence at George Mason University in Fairfax, Virginia (USA) and the General Mihailo Apostolski Military Academy – Skopje, Associate Member of the University of Goce Delcev – Stip, the Republic of Macedonia signed a five-year Memorandum of Understanding (MOU) on 1 September 2016 in acknowledgement of the professional and cultural benefits that each organization offers and based on the principles of mutual respect. They have agreed to seek mutually beneficial opportunities by enhancing collaboration, expanding areas of cooperation, and maintaining friendly relationships on the general subject of the interface of technology and international affairs. The MOU allows 1) the development of unclassified, collaborative research efforts and activities that investigate topics of mutual interest to faculty, staff, and students at both institutions; 2) conducting joint applications to fund unclassified research; 3) inviting each other to participate in unclassified events of mutual interest; 4) executing joint, unclassified activities of interest including meetings, seminars, symposia, workshops, demonstrations, lectures, and / or conferences; and 5) exploring and identifying training, research opportunities, or fellowships for students, staff, and faculty taking place at, or developed by, said institutions. Per the MOU, the Director of George Mason’s C4I & Cyber Policy Studies and Dean of the Military Academy are the points of contact responsible for negotiating and executing the implementation of the clauses via regular contact by email, teleconference, video conference, or in person. George Mason University is a Carnegie ranked, tier-one educational institution of higher learning and an agency of the Commonwealth of Virginia, USA
MACEDONIAN
На 1 септември 2016 година К4Р и Сајбер Центарот на извонредност на Универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Ферфекс, Вирџинија (САД) и Воената академија „Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Република Македонија потпишаа Меморандум за разбирање (МзР) за времетраење од пет години врз основа на заемна почит и во знак на признание на професионалните и културните придобивки кои двете институции ги нудат. Тие се договорија да пронајдат заемно корисни можности преку зголемување на соработката, проширување на областите на соработка, како и одржување на пријателски односи во врска со општата тема на поврзувањето на технологијата и меѓународните односи. МзР овозможува 1) развој на некласифицирани, заеднички истражувања и активности за истражување на темите од заемен интерес за наставниот кадар, вработените и студентите од двете институции; 2) спроведување на заеднички апликации за финансирање на некласифицирано истражување; 3) меѓусебно поканување за учество во некласифицирани настани од заеднички интерес; 4) извршување на заеднички, некласифицирани активности, вклучувајќи состаноци, семинари, симпозиуми, работлници, демонстрации, предавања и/или конференции; 5) разгледување и изнаоѓање на обуки, можности за истражување или стипендии за студенти, персонал и наставен кадар, кои се одржуваат во или се изготвени од страна на горенаведените институции.Согласно МзР Директорот на К4Р и Сајбер Центарот на извонредност на Универзитетот „Џорџ Мејсон“ и Деканот на Воена академија се лица за контакт одговорни за преговарање и спроведување на клаузулите преку одржување на редовен контакт преку електронска пошта, телефонски и видео-конференции или лично.
„Карнеги“ го рангира Универзитетот „Џорџ Мејсон“како високо образовна институција и агенција на заедницата на Вирџинија, САД од највисоко ниво.