Хуманитарна акција на питомците и студенти-учесници на летниот кампус 2016

11.07.2016



Питомците и студентите учесници на" Летниот кампус 2016" донираа хуманитарни средства за лицата со ментален хендикеп од „Порака“-Неготино.Притоа 25 питомци од 13 држави, денеска, во координација со локалната самоуправа, ги врачија собраните маички, капи, ужина и пластична амбалажа за лицата со посебни потреби.


Потпоручник Анита Среќковиќ за МИА кажа дека е вистинска чест и задоволство да се биде дел од оваа хуманитарна акција.
-„Ми претставува огромна чест и задоволство што ја добив оваа хуманитарна активност, да ги посетам лицата со посебни потреби. Како што е познато, од 4 до 13 јули, во центарот за обука „Пепелиште“-Неготино се организира меѓународна воена активност. Во име на деканот на Воената академија и раководителот на кампусот и сите учесници на истиот, сакаме да ја покажеме и докажеме нашата целосна посветеност и хуманост кон лицата на која им е потребна помош. Затоа, целокупниот персонал вклучен во кампусот даде свој придонес да ја врати насмевката на нивните лица и да ги потсети дека армијата и Воената академија се секогаш тука за нив.“
Оваа хуманитарна акција на питомците, во состав на меѓународната воена активност „Летен Кампус“ се одржува по седми пат. Овој пат со најмногу учесници, од САД, Велика Британија, Турција, Италија, Словенија, Романија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово и Македонија