Студентите на третиот циклус на студии на воената академија генерал михаило апостолски – скопје во посета на претседателот на република македонија, д-р ѓорге иванов

26.05.2016


Претседателот Ѓорге Иванов на 18 мај 2016 година ги прими студентите на Третиот циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, со нивниот предметен наставник д-р Тони Ѓоргиев, доцент потполковник. На тричасовната средба студентите го запознаа Претседателот за едукативниот процес на Воената академијата и ги споделија своите видувања за развојот на воената мисла. Во тој контекст, Претседателот зборуваше за поврзаноста на теоријата и практиката, на политиката и филозофијата, на меѓународното правото и неговата селективна примена. Претседателот се задржа на поставувањето на новиот светски поредок што ќе го задржи единството кај нацијата со сите културни разлики, обичаи и меѓуетнички односи и толеранцијата меѓу народите, што е од особена важност во времето на глобализацијата што го живееме.

По средбата меѓу студентите се разви дискусија од којашто произлегоа ставови за влијанието на секојдневната едукација врз човековата интелигенција, како и за потребата од промена на иднината, но само врз основа на знаењето за нејзино приспособување со вложување огромен труд од страна на сите субјекти.

Заедничкиот заклучок е дека средбата со претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за сите присутни беше од големо значење, меѓу другото, и за поимање на успехот, носењето со популарноста, негувањето на скромноста.

Поуката пак од оваа средба е дека во животот постои само една работа што вреди да се освои, а тоа е сопствениот ум.

Ви благодариме Претседателе!