Свечено отворање на летниот кампус 2015

03.07.2015

amblem2015
На 30 Јуни во 10:30 часот во центарот за обука “Пепелиште” официјално беше отворен шестти по ред Летен кампус 2015.

Деканот на Воената академија полковник, д-р Орце Поповски го започна отворањето на Летниот кампус со следните зборови:

Навистина се радувам што ве гледам во овој број овде и што благодарение на вклучените лица во подготовката на овој летен кампус успеавме да го организираме со најмасовна посета, за што сега јавно им честитам. Со особена радост можам да истакнам дека и на овој кампус ја задржавме традицијата, покрај питомците како униформирани учесници, свое учество да земат и цивилни студенти од Универзитетите во Република Македонија. Во претстојните денови, питомците и студентите од 10 земји, меѓу кои дел се полноправни членки на НАТО а дел членки на Партнерството за мир, ќе се запознаат, ќе учат заедно, ќе се обучуваат заедно сè со цел еден ден рамо до рамо да застанат во одржување и поддршка на мирот на регионално и глобално рамниште. И оваа година акцент ќе ставиме на пост–конфликтно дејствување и оспособување на капацитетите на државата како последна фаза од новиот стратегиски концепт на НАТО, како и континуирано усвојување на научените лекции од досегашните пост-конфликтни операции на Алијансата. Особено чест и задоволство е што започнавме со три земји учеснички, а денес не има десет земји како и еминентни професори од земјава и странство. Свое учество на овој шести по ред кампус земаа следниве земји: Република Бугарија, Република Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Косово, Црна Гора, Република Полска, Република Турција, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави како и студенти од Факултетот за безбедност, Европски универзитет и УКИМ

На отворањето на Летниот кампус 2015 исто така на присутните им се обрати и проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, проректор за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, која изрази голема благодарност за поканата да учествува на оваа свечена манифестација, ги поздрави присутните и ја потенцираше досегашната успешна соработка на ВА со универзитетот ‘’Гоце Делчев’’ Штип.

Визијата со овој проект е питомците да се обучат и научат како да соработуваат во мултинационална средина и да го покажат своето високо искуство од Воената академија. На овој кампус ние ќе ја продолжиме нашата веќе традиционалната соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Дневниот центар Порака од Неготино.
Кампусот ќе се затвори со еднострана тактичка вежба на армискиот полигон во Криволак.


GALLERY