Воената академија организатор на работилница за градење на сајбер резистентно општество

13.05.2015



Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, во соработка со центарот за безбедносна соработка – „Раквијак“ од Загреб, Р. Хрватска, организира двегодишен истражувачки проект во доменот на градење на сајбер резистентно општество во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ). лидери на овој проект се продеканот за настава и НИР вонреден професор д-р Методи Хаџи-Јанев, полковник и вонреден професор д-р Митко Богданоски, потполковник.

Проектот е спонзориран од Владата на Сојузна Република Германија, а идејната рамка за истражувањето е од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

Во времетраење од 12-14 Мај 2015 година, во Охрид, се организира иницијална средба и работилница во која ќе земат учество истражувачи и експерти од 8 држави од регионот на ЈИЕ.

Целта на работилницата е да се отвори дискусија меѓу креаторите на политиката и професионалците од јавната администрација на ЈИЕ во врска со глобалните, регионалните и индивидуалните државни предизвици,  да се идентификуваат потребите за изградба на општества кои се отпорни на сајбер закани, како и да се воспостави платформа за понатамошна регионална соработка.


GALLERY