Посета на воздухопловна бригада

08.05.2015




На ден 07.05.2015 питомците од родот пешадија и родот артилерија од трета година на Воената Академија “Генерал Михаило Апостолски” ја посетија Воздухопловната бригада.

Питомците беа предводени од професорот потполковник д-р Југослав Ачкоски кој е професор по предметот системи за управување со оган, при што целта на оваа посета беше да питомците се запознаат со системите за управување со оган кај борбените хеликоптери Ми-24.

При посетата најпрвин питомците имаа можност да видат како полетува хеликоптер од типот Ми-24, по што беа одведени на кратко теоретско предавање во борбениот хеликоптерски сквадрон каде што имаа можност да погледаат наставен филм за воздухопловната бригада, им беше одржана презентација за начинот на модернизацијата на хеликоптерите Ми-24 со ELBIT системите каде што им беше објаснето како начинот на работа на автоматиката кај хеликоптерите Ми-24 при што главен акцент беше ставен на делот на вооружувањето, односно за тоа како се управува со оган од четири цевниот 12,7mm Митралез Gatling, за ракетите 57mm S-5 и ракетите 80mm S-8 кои се од типот ненаведувани ракети.

По ова питомците беа одведени да се запознаат одблиску со хеликоптерот Ми-24, каде што од пилотите им беше покажано како се работи со хеликоптерот, им беше објаснето за работата на балистичкиот компјутер, и имаа можност да видат како се управува со оганот од вооружувањето на хеликоптерот.