На ден 06.04.2015 професорот д-р Лазар Ѓуров, доцент, мајор од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делечев“ Штип, одржа свое предавање пред студентите од прв циклус на студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.
Предавањето беше на тема „Армијата како пример за организација со строга хиерархиска поставеност, детално уредена внатрешна комуникација и начин на функционирање“. Предавањето се реализираше по покана на проф. д-р Љубомир Дракулевски, Декан на факултетот и професор на предметот Организациско однесување.
Ова беше одлична можност, студентите да се запознаат со Армијата како структура од која во голема мера произлегле добар дел на компаниските структури во економијата. Тие имаа прилика да се запознааат со карактеристиките на внатрешното регулирање на односите, комуникацијата, обраќањето, поздравувањето и начинот на извршување на задачите во армијата.
Професорот Ѓуров кој на Воената академија реализира настава по предметите Организација и менаџмент, Раководење и лидерство и Комуникации и комуникациски вештини, во своето предавање направи јасна паралела помеѓу научниот и практичниот аспект на армиската поставеност и нејзиното функционирање. Во текот на целото предавање студентите имаа прилика да ги согледаат сличности во поставеноста на армиските и економските организациски структури. Јасно беше истакнато дека без разлика на различната форма (униформи, ознаки, чинови и сл.) и во двата системи, ефикасноста и ефективноста се основни двигатели кои прават да има голема сличност во начинот на поставување и функционирање на воените и цивилните организациски стуктури.
Во рамктие на предавањето, студентите од Економскиот факултет имаа и несекојдневна можност за практична демонстрација од нивните колеги питомци од 4 година на Воената академија. Питомците Никола Силигунис , Симона Наумова, Љубиша Мојсовски, Мики Гигов, Драган Николевски и Иван Богданосвкси самоуверено и стручно го демонстрираа начинот на комуникција во релациите претпоставен и потчинет. Тие своите цивилни колеги ги запознаа и со специфичностите на чиновите и фиерарфиската поственост на припадниците на арминискиот состав.
Ако успешноста на едно предавање се мери според количината на внимание кое ќе се добие од слушателите и нивната заинтересираност за темата и после предавањето, можеме со сигурност да кажеме дека ова предавање ги заслужи највисоките оценки.