Втор пријавен рок по Конкурс за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во студиската 2014/2015 година

25.02.2015

 

Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски” – Скопје, организира втор пријавен рок по Конкурс за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во студиската 2014/2015 година на следните студиски програми:

Научни студии (магистратура) од областа на:
- Безбедност и одбрана (19 кандидати) и
- Управување со кризи и заштита и спасување (1 кандидат)
Вториот пријавен рок трае од 25.02.2015 година до 27.02.2015 година