Обука во зимски услови со питомците од воената академија

20.02.2015

Во периодот од 07.02. - 18.02.2015 година питомците од втора година од Воената академија реализираа практична настава - обука во зимски услови. Обуката се реализираше на  скијачките  терени „Колашин“ во  Црна Гора а согласно билатералната соработка  помеѓу војската на Црна Гора и Армијата на Република Македонија.

За време на реализацијата на обуката во зимски услови питомците ги совладаа основните елементи, вештини и строеви работи во скијање, нордиско трчање, ставови за гаѓање со скии, користење на жичара и ски лифт како и изработка на засолништа за преживување во зимски услови.

Заменик Началникот на војската на Црна Гора полковник Зоран Лазаревиќ ги посети питомците и изрази задоволство што идните офицери на Република Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора се нивни гости.

Питомците за време на обуката ги посети  и делегација предводена  од амбасадорот на РМ во Црна Гора  г-дин Александар Василевски заедно со Военото аташе за Црна Гора полковник Дончо Кузманов, Продеканот за финансии и меѓународна соработка од Воената академија полковник Александар Главинов и Командантот на Центарот за обука на питомци потполковник Харалампие Трајков. Присутните за време на посетата се уверија во практично стекнатите вештини на питомците при реализацијата на планираните содржини на обуката.

Сите вештини  од основната обука во зимски услови што ќе ги стекнат питомците се потребни за секој иден современ и добро обучен офицер на АРМ, особено при реализација на борбени задачи за кои има потреба да се реализираат во зимски услови.

GALLERY