Питомците имаа можност да се запознаат и практично да изведат мисии на најнапредните тренажери/симулатори во светот

29.11.2014

Предводени од предметните наставници по предметот Моделирање и Симулации, полковник д-р Славко Ангелевски, вон.проф., и капетан м-р Димитар Богатинов, на ден 28.11.2014, питомците  од трета година го посетија Центарот за обука на пилоти и имаа можност да се запознаат и практично да изведат мисии на најнапредните тренажери/симулатори за хеликоптерите Ми-17 и Ми-24.

Посетата имаше за цел да го прикаже целокупниот концептот за обука со симулации односно обука во три чекори - едукација во училница, обука со симулатори и класична летачка обука. Најголем акцент на посетата беше даден на симулаторите за хеликоптерите Ми-17 и Ми-24 кои што како што ни беше посочено даваат дури до 80 проценти реалност, при што освен работата на самите симулатори питомците беа запознаени со: инструкторската станица каде се креираат најразлични сценарија се издаваат дополнителни задачи во текот на летот и се контролира целокупната работа на симулатори, како и со модулот со кој се врши анализа на завршените мисиите. Со ова питомците имаа можност во пракса да го видат целокупниот процес на обука со виртуелни симулации.

10833897_10204237900940442_1320080465_n

Покрај тренажерите/симулаторите питомците исто така беа запознаени со просториите и со структурата на центарот за обука на пилоти, имаа можност да присуствуваат на настава која се одвивива исклучиво на англиски јазик за пилотите кои во моментот се обучуваат и беа запознаени со воздухопловите кои се користат за обука во центарот за обука на пилоти.


GALLERY