Воената академија во уште еден успешен поход во доменот на сајбер безбедноста

29.10.2014

Во склад со поставените задачи и цели за агилен пристап на изучување на различните аспекти на сајбер безбедноста Воената академија направи уште еден сериозен чекор напред. Како ко-организатор конфренцијата под наслов Ensuring personal data protection while securing cyber space, Воената академија ги зацврсти определбите за преземање на лидерската улога во регионот во доменот на сајбер безбедноста. Оваа конференција беше организирана заедно со РАКВИАК, Центарот за соработка во областа на безбедноста и Американскиот универзитет од Сараево. Замислена и дизајнирана од страна на продеканот за настава и НИР, вонредедн професор д-р Методи Хаџи-Јанев, полковник, конференцијата собра над 120 учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Турција, Романија, САД, и Хрватска.

Покрај останатото, на оваа конференција стана збор за Заштитата на личните права во контекст на дебатата за ноаѓање на балансот помеѓу човековите права и националната безбедност, креирањето на политиките за заштита на личните податоци и предизвиците од тој аспект, техничките аспекти на заштита на личните податоци, користењето на мобилните технологии и заштитатата на личните податоци, политиката на НАТО кон заштитата на личните податоци, и сл.

Оваа конференција е уште еден дел од мозаикот на активности кои под раководство на вон.проф. д-р Хаџи-Јанев Воената академија ги презема со РАКВИАК, во доменот на сајбер безбедноста. Крајната цел на сите активности е засилување на позицијата на идниот институт за Сајбер безбедност за кој е акредитирана и програмата за втор циклус на студии, конкретно, мастер студии во областа на „Сајбер безбедноста и дигиталната форензика“.

1-1

Продеканот за настава и НИР Вонреден професор д-р Методи хаџи-Јанев, на отворањето на конференцијата покрај останатото заедно со:

НЕ Бранимир Мандиќ, десно, Д-р Данило Турк, поранешниот претседател на Р. Словенија,  Г-дин Есмир Ганиќ-претседател на Американскиот Универзитет од Сараево и г-динот Игор Раиќ од Министерството за внатрешни работи на БиХ, лево од продеканот Хаџи-Јанев

1-2

 

GALLERY