Посета на воена делегација од република франција во воена академија генерал михаило апостолски

27.10.2014



Во Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, согласно планот за  билатерална соработка со Република Франција,  во посета престојуваше делегација од Француските вооружени сили предводена од капетан Гијом-Ерик Донадје. Согласно планот и програмата беше реализирана активност “Советодавна мисија од областа на артилеријата”, во период од 13.10 – 17.10.2014 година. За време на својот шест дневен престој во Република Македонија, делегацијата два дена помина помина во Воената Академија.

Таму се запозна со работата и организациската поставеност  на Воената Акдемија и присуствуваше на предавањето кое беше реализирано од Деканот полковник д-р Орце Поповски, вонреден професор, кое  беше на тема “Поправни формули во внатрешната балистика”, а слушатели на предавањето беа питомците од трета година од родот пешадија и артилерија. Наредното предавање беше реализирано  полковник д-р Миле Петровски, виш предавач на тема  “Огнена поддршка во здружено војување” на кое присуствуваа слушателите на специјализација за командни и штабни должности.

Делгацијата беше и во посета на дводневно артилериското гаѓање кое што се изведуваше на Армискиот Полигон „Криволак“, при што делегацијата можеше во потполност на дело да се увери во способностите и капацитетите на артилериските единици на Армијата на Република Македонија

Потоа  следеше настава со питомците од родот артилерија на тема „Улогата на артилеријата во НАТО“, кое беше реализирано од страна на капетан Гијом-Ерик Донадје.  Тој во своето излагање презентираше за искуството на артилериските единици во мисиите на француската армија. На оваа предавање беа присутни и претставници од ЗОК (Здружено оперативната команда) и претставници од Воената Академија.

Исто така, пред делегацијата капетан м-р Александар Петровски, соработник, го презентираше предлог проектот за информациски артилески систем базиран на сервисно-ориентирана архитектура и ГИС, креиран од страна на тим професори и соработници од Воената Академија, со кој треба да се аплицира во НАТО програмата за наука и мир (NATO SPS). Презентацијата заврши со кратка дискусија, размена на мислења, прашања и поделба на протоколарни подароци.

Координаторот на активноста потполковник д-р Југослав Ачкоски, доцент на маргините на посетата, нагласи дека во иднина треба да се продлабочи соработката со можност за учество и работа во заеднички проекти како во секојдневната воена пракса, така и во научни цели со иста или сродна Воена Академија од Република Франција.


GALLERY