Воена академија генерал михаило апостолски – скопје со најмлади истражувачи на 6-тата интернационална научна конференција за дефанзивни технологии – отех 2014

20.10.2014



Питомци со професор  од  Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,  учествуваа со своите трудови на 6-тата интернационална научна конференција за дефанзивни технологии – ОТЕХ 2014, организирана од „Воено Технички Институт“во Белград, Р. Србија  одржана во период 09 - 10 октомври 2014.

Воено техничкиот институт, првата и најголемата научна воено-техничка истражувачка институција во регионот ја организираше 6-тата (шестата) по ред интернационална научна конференција за дефанзивни технологии – ОТЕХ 2014, на која учевство зедоа 517 учесници од 13 земји во светот, по следното: Велика Британија, Франција, Австрија, Канада, Словенија, Република Чешка, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белорусија, Алжир и Судан. Согласно програмата за реализација на конференцијата, учесниците своите трудови ги презентираа поделени во 8 (осум) тематски области.

Конференцијата започна со воведните предавања на професор  Мартин Мацка од Универзитетот во Брно, Р. Чешка и професорот Леонид Гречехин од Високиот државен воздухопловен колеџ во Минск, Р. Белорусија.

Питомците Јане Стоиманов и Михајло Тошевски, кои се трета година на прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, убедливо како најмлади автори ги презентираа своите рецензирани трудови со наслов “Smart Targets System for Fire Shooting“ и “Model of Information System for Smart Target Shooting“.

За прв пат, питомци од Воената Академија учествуваат на научна конференција од воено-технички карактер. Трудовите напишани од страна на питомците под менторство на потполковник д-р Југослав Ачкоски, доцент, во иднина можат да имаат значајна улога во областа на одбраната, особено во областа на обуката во гаѓање.

Ова претставува уште еден доказ дека Воената Академија како единствена воена високо – образовна и научна институција во Република Македонија, има квалитетни питомци кои покрај вклученоста во наставата, истовремено се вклучени во научно истражувачка работа за потребите на одбраната.


GALLERY

Декан: Митко Богданоски
Продекан: Елениор Николов
Продекан: Ненад Танески

prodekan

СООПШТЕНИЈА