Воената академија предводник во организацијата и реализацијата на уште една регионална иницијатива во доменот на сајбер безбедност

27.08.2014



Во период од 05-07 Мај оваа година во соработка со RACVIAC Центарот за безбедносна соработка во Загреб, Хрватска, професорите од Воената академија учествуваа во организацијата и реализацијата на регионаланата конференција на националните тимови за одговор во случај на компјутерски инциденти Computer Emergency Response Team (CERT – CIRT – CSIRT), насловена како  „Present cooperation among regional CERTs and how it could be further enhanced“. Оваа конференција претставува дел од заедничките напори кои беа осмислени и реализирани од страна на продеканот за настава и НИР на Воената академија, вонреден професор д-р Методи Хаџи-Јанев, полковник и доцент д-р Митко Богданоски, потполковник, со раководството на RACVIAC. Овој голем настан е уште еден од низата чекори кои Воената академија ги презема во насока на градење на капацитетите од доменот на едукацијата во сајбер безбедноста и активност која се вклопува во мозаикот на настани кои се предвидени да се реализираат со РАКВИАК како еден од генералните партнери на Воената академија. На овој голем настан продеканот на Воената академија д-р Хаџи-Јанев, полковник беше главен модератот на три панели и одржа свое предавање како главен панелист, а доцент д-р Богданоски беше модератор на три сесии и на генералната расправа на националните CERT тимови. На овој настан свое учество зедоа и еминентни преставници од Европската Унија, како Фреди Дезеур, Шеф на CERT-от на ЕУ, Горазд Божиќ (Шеф на наменските сили на Европскиот CERT од 200-2008 година, воедно и шеф на Словенечкиот CERT), Претставничката на Агенцијата за мрежна и информатичка безбедност на Европската Унија – ЕНИСА, Андреа Дуфкова (Чешка), Професорот Предраг Пале од Хрватска, како и и претставниците на националните ЦЕРТ тимови од Југо-Источан Европа.

Своето задоволство од квалитетот на одржаниот настан и подготвеност за идна соработка го изразија и Амбасадорот Бранимир Мандиќ, директор на RACVIAC, кој во голема мерка го овозможи овој настан, како и, Шефот на CERT-от на Европската Унија, г-динот Фреди Дезур.

Со овој настан, како и планираните настани во кои учество ќе земат претставници на Воената академија, како оној во НАТО Центарот за извонредност во Турција посветен на користењето на сајбер просторот од страна на терористите, Воената академија дефинитивно се зацврстува како предводник во регионот во доменот на образованието и научно-истражувачката дејност посветена на сајбер безбедноста и сајбер одбраната.