Учество на претставници од воената академија на тркалезна маса од областа на безбедност од пожари одржана во свети николе

27.08.2014



Благодарение на потпишаниот договор за меѓусобна соработка помеѓу Министерството за одбрана и Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ – Свети Николе, на 10.05.2014 година студентите на Воената акдемија од 4. година на насоката Управување со кризи заштита и спасување присуствуваа на целодневна настава преку организирање на тркалезна маса на тема: „Организација, тактика на гаснење пожар на високи објекти и однесувањето на пожарникарите“.На тркалезната маса беа присутни познати професори од областа на безбедност од пожари и специјалисти од ППЗ во Република Македонија, како и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.

Целта на тркалезната маса беше едукација на стручни лица за организација, тактика, однесување и безбедност од пожари, со презентација на научни, технички и практични случувања. Носители на предавањата на тркалезната маса беа:
1. проф. Roy Barrclough, командант на 4 ППЕ во областа „SURFLOK“ во Велика Британија, на тема „Организација и тактика на гаснење пожар на високи објект“
2. проф. д-р Драган Карабасил од Високата техничка школа за стручни студии од Нови Сад, Р.Србија, на тема „Анализирање на однесувањето и генерирање на жртви при пожари“.
Покрај студентите од Воената академија, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, присуствуваа: д-р Росе Смилески, ред. проф. м-р Љупчо Шошоловски, м-р Александар Петровски.


GALLERY