Професор од воената академија одржа експертско предавање на офицери од нато и пзм земји и вработени во институции од рм

27.08.2014



На ден 12.05.2014 година во рамките на меѓународната НАТО работилница „Курс за односи со јавноста – основно ниво I“ свое предавање одржа професорот д-р Лазар Ѓуров, доцент, мајор од Воената академија (предметен наставник по предметот Комуникации и комуникациски вештини). Тој на присустните низ особено интерактивна атмосфера и динамично предавање им ги пренесе неговите знаења на темата „Основни комнуникациски теории“. Неговото предавање претставува база на која се надоврзуваат следните содржини од оваа меѓунаронда едукативна активност.

Меѓународниот курс се реализира во периодот од 12 до 17  мај  2014 година во Регионалниот центар за односи со јавноста кој е дел од НАТО едукативните и обучувачки центри.  На курсот учествуваат вкупно 19 (деветнаесет) учесници. Помеѓу нив има офицери од вооружените сили на земји членки на НАТО и Партнерството за мир, како и вработените од  Министерството за внатрешни работи на РМ, Министерството за надворешни работи на РМ, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Едукативната активност ја реализираат инструкторски тим од сертифицирани медиа тренери од Македонија, Хрватска и Норвешка, но и гости предавачи –експерти од областа. Покрај д-р Ѓуров Лазар свое предавање имаа и Симон де Мансо, претставниот од НАТО од Брисел и Франческо Велтри, од Италија, консултант на Медиа Ловен.

За време на работилницата, поради специфичноста на обуката, покрај теоретскиот дел учесниците имаат и многу практични вежби. Посебен акцент беше ставен на практичната работа пред камера преку изведување на симулациски вежби според однапред подготвени сценарија согласно природата на работните обврски на учесниците. Ваквата интензивна едукација е со цел учесниците да се стекнат со соодветни знаења и вештини за работа со медиумите во секакви услови применувајќи ја НАТО доктрината за односи со јавноста.


GALLERY