На воената академија одбранета магистерска тема која нуди ефективен и рентабилен начин за уништување на неексплодирани убојни средства

27.08.2014



На ден 11.04 2014 година на Воената академија „ Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржа јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов „Кумулативен резач како средство за уништување на неексплодирани убојни средства и негова практична примена за уништување на проектил 76 mm“ од кандидатот Љупчо Шошоловски кој беше стипендиран од страна на Министерството за одбрана.
Темата беше одбранета пред комисија во состав: д-р Орце Поповски, вонреден професор, преседател, д-р Невен Трајчевски, доцент, член и д-р Росе Смилески, редовен професор, член и ментор на кандидатот.
Целта на магистерскиот труд е експериментално определување на оптималната висина за уништување проектил 76 mm, со што е минимизирано неговото распрскувачко дејство и е постигнато намалување на количината на експлозивната материја која се користи за уништување по класичен начин. Експериментално добиената оптимална висина е примената и потврдена за уништување на проектил 155 mm.
Со понуденото решение на ефикасен начин се обезбедува:
Заштита на животната средина, која се огледа преку повеќекратно намалување на фрагментите и на експлозивната материја за уништување на неексплодираните убојни средство;
Намалување на опасноста од појава на пожар при уништувањето на неексплодирани убојни средства.
Експерименталниот дел на трудот направен е на армискиот полигон „Криволак“ со помош и поддршка на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија.


GALLERY