Летен кампус 2014 – втор ден

27.08.2014
Успешно беше реализирана првата фаза од четирите фази од планот на Летниот кампус 2014, која го претставува академскиот дел на кампусот. Оваа фаза траеше два дена, а започна веднаш по отварањто.

Академскиот дел од кампусот се состоеше од низа предавања реализирани од страна на еминентни професори од земјата и странство.

Во првиот ден од оваа фаза предавање одржа претставникот од Црвениот крст на Република Македонија, г-дин Стојан Мишев кој зборуваше за “Улогата на Црвениот крст во пост-конфликтните ситуации”. Следното предавање беше од страна на д-р John (Jack) Teddenick, од Центарот за студии од областa на безбедноста Џорџ Маршал, Германија, на тема “Местото и улогата на меѓународните и невладините организации и воведување на принципи од меѓународното хуманитарно право за постигнување на мир и безбедност”. Исто така во првиот ден беше одржано предавање од страна на д-р Итамара Лочард, од Институт за меѓународни студии од Монтереј (САД), која зборуваше за “Сајбер одбрана и мерки и активности за ефективно соочување со сајбер заканите”.

Вториот ден од првата фаза беше проследен со предавањето за “Искуствата во имплементацијата на новиот NATO стратегиски концепт и новите предизвици на Алијансата ”, од страна на претставникот од Европскиот универзтет, д-р Стојан Славевски. Низата од предвања ја затвори д-р Ферет Мајкл, од државниот универзитет (Columbus САД)  со предавањето за “Важноста од имплементацијата на цивилно-воените активности во пост-конфликтните општества”.

Во рамките на оваа фаза беа организирани и методско-показни вежби за правилна употреба на личното вооружување и орентација во просторот.

 

GALLERY