Курс за штабни должности во баталјон

27.08.2014



На ден 03.03.2014 година во Воената академија – Скопје, започна со реализација Курс за штабни должности во баталјон, со вкупно 22 слушатели од различни родови и специјалности од кои 2 од Министерство за внатрешни работи и тоа: 7 од родот пешадија, 1 од родот ОМЕ, 1 од родот инжинерија, 4 од родот ВВ и ПВО и 7 од логистичките специјалности и 2 од МВР.
Целта на курсот е оспособување на слушателите за извршување на штабни функции и штабни должности (началници од С-1 до С-9 на ниво на баталјон), во изведување на национални и здружени воени операции и операции од невоен карактер.
За реализација на Студиската програма на Курсот за штабни должности во баталјон се ангажираат наставници и соработници од одредени предметни подрачја како и експерти од АРМ и МО, а на кои им е доделена настава од страна на ННС на Воената академија.
Ова е по трет пат во Воената академија – Скопје да се реализира Курс за штабни должности во баталјон но за првпат се вклучени и припадници од МВР. Курсот ќе се реализира согласно одобрената Студиска наставна програма и Планот за реализација на наставата, во вид на редовна настава која е основна форма на наставно – образовниот процес, а се организира и се реализира низ предавања, презентации, работа по синдикати, консултации, анализи, вежби, практично – применети форми на настава и стручно стажирање.
Курсот за штабни должности во баталјон ќе се реализира во два модула од вкупно 22 работни дена или 132 наставни часа и стручно стажирање кое ќе се реализира во единиците на АРМ во време траење од 8 работни дена односно 48 наставни часа.
Предмети кои ќе се обработуват на Курсот според оваа Студиска програма се Тактика, Лидерство и менаџмент во тактичките единици, Воена логистика, Комуникациски вештини и информатичка поддршка на штабната работа на тактичките единици и Физичко вежбање.
Курсот за штабни должности во баталјон како и Курсот за командири на чети на родови и логистички специјалности претставуваат темелна база за натамошното стручно и професионално усовршување на офицерите на АРМ за извршување на мултинационални операции предводени од конвенционалните сили на НАТО.


GALLERY