Проучувањето и практикувањето на лидерството на дело, е клучно за исполнување на секоја мисија, вклучително и на мисијата на Воената академија - продуцирање на одлични млади воени лидери. Иницијативноста, желбата за константен развој и придонес кон повисоката мисија, отсекогаш се ценеле како лидерски вредности кои заслужуваат почит. Овој пат, група на питомци од Воената академија, дадоа иницијатива за формирање на Секција по Лидерство. Мотивот за формирање на оваа секција го наоѓаат во потребата за доброволно и самоиницијативно подобрување на своите лидерски капацитети, под стручно водство, а со тоа да придонесат во надградување на својот личен углед и угледот на Воената академија.
Од 04.11.2024 година, Деканот на Воената академија проф. д-р Митко Богданоски, полковник, донесе Решение за формирање на Секцијата по Лидерство на Воената академија. Улогата на раководител на секцијата ја презема проф. д-р Лазар Ѓуров, ред. Проф. потполковник, а, за негов заменик е одреден м-р Бојан Миклош, соработник, поручник.
Ваквите примери за иницијативност кај младите воени лидери, го докажуваат фактот дека Воената академија ги избира и обучува вистинските луѓе за војничката професија, а дека Армијата ќе добие енергични млади офицери кои не само што ќе обезбедат извршување на доверените мисии, туку и ќе целат да ги подобрат единиците и процесите.
Ги повикуваме сите питомци кои сакаат да научат повеќе за лидерството, да ги надградат своите лидерски вештини, да го проучуваат стилот и мајднсетот на познати воени лидери, да го покажат своето лидерство преку организација на настани и реализација на иницијативи, да се обратат кај одговорните!
Им посакуваме успех во понатамошната работа и многубројни исклучителни резултати!