Обука за управување на м/в и полагање возачки испит

Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
5 Петти семестар
Кредити
2
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на предметната програма е питомците да се обучат во правилно управување на моторни возила (патнички или товарни) во сообраќај и да се стекнат со возачка дозвола од соодветната категорија за управување со истите.

Содржина на предметната програма:

Прва помош и спасување на повредени во сообраќајна незгода; Безбедност во сообраќајот и сообраќајни правила и прописи; Системи на моторот и системи на возилото; Постапки од редовно и превентивно одржување на возилата; Постапки за паркирање; Постапки за управување со возилата во урбана средина и на автопат; Постапки за управување со возилата ноќе и во услови на намалена видливост.