Цели на предметната програма (компетенции): Питомците да добијат основни теоретски знаења од областа на моторите и моторните возила, да ја сфатат конструкцијата и начинот на работата на основните типови моторните возила во Армијата и да се оспособат да организираат основно одржување, со што се овозможува нивно правилно чување, ракување и одржување.
Содржина на предметната програма: Вовед, конструкција и основни поими на клипните мотори СВС; Опис на работата, теоретски и реални циклуси кај моторите СВС; Параметри на моторот и топлински биланс; Основни делови на моторот, механизам за развод на работната материја; Горива за моторите СВС; Системи за довод на гориво и воздух и создавање на смеса кај Ото моторите; Систем за довод на гориво и создавање на смеса кај Дизел моторите; Систем за запалување на смесата кај Ото моторите; Уреди за стартување на моторот, подмачкување на механизмите во моторот и ладење на моторите;
Композиција на моторно возило, теоретски основи, влечен биланс и биланс на моќност; Конструкција на моторните возила; Тркала и пневматици; Помошни системи на моторните возила, систем за кочење; Систем за управување на моторно возило; Систем за потпирање на моторно возило;