Меѓународно воено и хуманитарно право(МВХП)

Код
ZZ702
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
7 Седми семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции): Питoмцитe дa се запознаaт сo содржината на обичајните правила и одредбите на меѓународните договори од областа на меѓународното воено и хуманитарно право. Проучувањето на основните принципи на военото право и клучните прашања кои произлегуваат од МХП ќе им овозможи на идните службени лица успешно учество во имплементирањето на задолжителните одредби кои за Република Северна Македонија произлегуваат од ратификуваните Женевски конвенции од 1949 година и Дополнителни протоколи од 1977 и 2005 година.

Содржина на предметната програма:

Во рамките на оваа предметна програма се изучува концептот на оружени судири и општата примена на военото право, како и поимот, предметот, изворите и принципите на Меѓународното хуманитарно право. Посебен акцент се става на заштитата на ранетите и болните, заштитата на верскиот персонал, заштитата на цивили и на воени заробеници согласно МХП. Се изучуваат правата и обврските на окупаторската сила, внатрешните оружени судири, како и постапувањата во ситуација на внатрешни немири и тензии.

Третирање на ранливите групи (жени, малолетници и др.) при спроведување на законот. Хуманитарна заштита, постапување со жртвите во оружени конфликти, со бегалците и раселените лица. Се изучува и евалуацијата на приоритетните и другите мерки за имплементација на МХП во Република Северна Македонија, како и одговорноста за повредите на МХП.