ИЗВЕСТУВАЊЕ за прием на кандидати на втор уписен рок 2014

01.09.2014

Согласно актот од Секторот за подршка на Министерот за одбрана бр.07-6096/1 од 02.12.2013 година и член 13 од Правилникот за спроведување на конкурс за втор циклус на студии, поради малата застапеност на лицата кои припаѓаат на етнички заедници, ве известуваме дека Воената академија-Скопје организира втор уписен рок за втор циклус на студии – специјализација за командни и штабни должности.

Рок за пријавување

Заинтересираните кандидати може да се пријавуваат во рок од 10 (десет) дена од објавувањето на известувањето на веб страната на Министерството за одбрана.
Воена академија – Скопје