Наставно-научен совет - настава
Наставно-научниот совет ги организира следниве наставни активности:
- утврдува еден или повеќе кандидати за декан и му ги предлага на министерот за одбрана
- избира продекани
- му предлага студиски програми на министерот за одбрана
- донесува програма за научно-истражувачка работа
- врши избор во наставно-научни звања доцент, вонреден професор и во наставни звања; - предлага број на студенти кои се запишуваат на прва година на студии
- до министерот за одбрана доставува предлог за конкурсот за запишување студенти на докторски студии на Академијата
- на деканатската управа и предлага мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти
- на деканатската управа и предлага мерки и одлучува за унапредување на наставната, научно-истражувачката и применувачката работа и за компјутерската мрежа