Посета на МТСП и Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

20.12.2024

Питомците и питомките од 2.година остварија посета на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање при Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Ресурсниот центар (РЦ) има за мисија да помогне во напорите за систематска и одржлива примена на родово одговорно буџетирање, а во таа насока обезбедува обуки за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.

Посетата е реализирана во рамки на предметот Социологија со предметниот наставник проф. д-р. Александар Грижев, покривајќи ја темата Родова еднаквост.

Целта на посетата и соработката со РЦ беше питомците и питомките да се запознаат со институционалните капацитети и механизми чија цел е постигнување на родова еднаквост, како и со процесите на родово одговорно буџетирање.   

Голема благодарност до раководителката на РЦ и нејзиниот тим за одличното гостопримство. Се надеваме на продолжување и продлабочување на соработката со РЦ, во насока на зголемување на свесноста на студентите за родовата еднаквост.

Галерија