Наставата по предметот "Тактика на мировни операции и превенција на конфликти" ја реализираа во баталјонот на Воена Полиција во касарната "Илинден".

16.12.2024

Питомците од 4.година на Воената академија "Генерал Михаило Апостолски" од родовите пешадија, инжинерија и артилерија, наставата по предметот "Тактика на мировни операции и превенција на конфликти" ја реализираа во баталјонот на Воена Полиција во касарната "Илинден".

Припадниците на баталјонот предводени од командантот ги пречекаа питомците во пријатна атмосфера како што доликува на вистински домаќини. Сосема на почетокот при посетата на баталјонот, командантот ги запозна питомците со дел од персоналот од командата и штабот кои преку брифинг ја презентираа мисијата, структурата, вежбите и операциите на кој учествувал баталјонот и борбените задачите кои ги извршува баталјонот во мирновремени услову согласно нивните служби и овластувања како единствена единица во армијата од својот домен.

Потоа со приказ на ТТ збор беше презентирана дел од опремата и вооружувањето што го користат припадниците на баталјонот на Воена полиција при извршувањето на задачите од нивен домен.

Посетата беше искористена за да се спроведе практична настава со инструктори од баталјонот на тема „Справување со толпа при нарушен јавен ред и мир“. За време на практичната настава питомците извежбуваа со опрема за ЈРМ и несмртоносно оружје, применувајќи ги командите, формациите и ТТП за кордон, питомците практично ги извежбаа и дел од овластувањата на Воената полиција.

Посетата на баталјонот на Воена полиција е плод на успешната соработка помеѓу Генералштабот на армијата и Воената академија.

 

Галерија