Средба на деканот на Воената академија со Асоцијацијата на одбранбени аташеа

04.12.2024

Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, оствари средба со делегација на Асоцијацијата на одбранбени аташеа. Во состав на делегацијата учествуваа поголемиот број резидентни и нерезидентни воени аташеа.

За време на средбата беше одржана презентација на активностите, програмите и капацитетите на Воената академија и Центарот за обука на питомци, со акцент на посветеноста кон унапредување на образованието и обуката во областа на одбраната.

Презентацијата беше проследена со плодна дискусија, во која беа разменети искуства и идеи за зајакнување на соработката. Особено внимание беше посветено на можностите за проширување на партнерствата во повеќе полиња од заеднички интерес, вклучувајќи размена на знаења, заеднички проекти и поддршка во обуките.

Средбата претставува значаен чекор во зајакнувањето на меѓународната соработка и унапредување на одбранбените капацитети преку заеднички иницијативи.

Галерија