Посета на Воената академија од страна на Военото аташе на Кралството Норвешка

29.11.2024

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ беше домаќин на Военото аташе на Кралството Норвешка, полковник Даг Магне Лунде.

На средбата учествуваа деканот на Академијата, проф. д-р Митко Богданоски, полковник, продеканот за меѓународна соработка и научноистражувачка работа, проф. д-р Елениор Николов, полковник, како и координаторот за Еразмус+ програмата, доц. д-р Љупчо Шошоловски, мајор. На средбата се дискутираше за продлабочување на соработката во областа на одбраната и образованието, како и за останати стратешки приоритети на Академијата, кои се насочени кон создавање на можности за меѓународна интеграција и унапредување на квалитетот на образованието и обуката на нашите питомци и наставен кадар.

#MilitaryAcademy #Norway #InternationalCooperation #ErasmusPlus #CyberSecurity #SummerCampus

Галерија