Реализација на Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети

15.10.2024

На ден 05.09.2024година во  Воената академија–Скопје, започна со реализација Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети, со вкупно 22 слушатели .

Целта на курсот е оспособување на слушателите за командирски должности, преку стекнување на основните сознанија за начинот на организацијата, планирањето и реализирањето на мисијата на ниво на чета, оспособување на слушателите за изведување на национални и здружени воени операции и операции од не воен карактер. 

За реализација на Студиската програма на Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети се ангажираат наставници и соработници од одредени предметни подрачја како и експерти од АРМ и МО, а на кои им е доделена настава од страна на ННС на Воената академија.

      Ова е по девети пат во Воената академија – Скопје да се реализира Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети. Курсот се реализираше согласно одобрената Студиска наставна програма и Планот за реализацијана на ставата, во вид на редовнана става која еосновна форма на наставнообразовниот процес, асе организира и се реализираниз предавања, презентации, работа посиндикати, консултации, анализи, вежби и практичноприменети форми нанастава на терен и во центарот за симилации во Велес.

Курсот за стручно и професионално усовршување на командири на чети се реализираше во три модула од вкупно 24 работни дена или 144 наставни часа.Првиот и вториот модул се реализираа (online)во период од 05.09 до 27.09.2024 година додека третиот модул со физичко присуство од 30.09 до 09.10.2024 година.

Предмети кои се обработуваа на курсот според оваа Студиска програма се Тактика, Командување, лидерство и етика, Општи воени знаења.

Во насока на продлабочување на одличната билатерална соработка како и градење на меѓусебната доверба и пријателство, а согласно расположливите капацитети на Воената академија, се поканети по 2 (два) офицер во чин поручник-капетан од Црна Гора, Босна и Херцеговинаи Република Косово да земат учество на курсот. На Курсот зема учество само по еден преставник од Република Косово и од Република БИХ.

Курсот успешно посетуваа и завршија 22 слушатели.

На ден 09.10.2024 година во Воената академија–Скопје им беа поделени сертификатите за посетување и завршување Курсот за стручно и професионално усовршување на командири на чети.

Курсот  за стручно и професионално усовршување на командири на чети како и Курсот за штабни должности во баталјон претставуваат темелна база за натамошното стручно и професионално усовршување на офицерите на АРМ за извршување на мултинационални операции предводени од конвенционалните сили на НАТО.

Галерија