Успешна приказна со првата студентска размена со Воениот универзитет во Република Полска

26.06.2024

За време на изминатите три месеци, двајца питомци од втора и трета година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ остварија студентска размена преку програмата на ЕУ – Еразмус+, поминувајќи го летниот семестар на Воениот универзитет на копнената воска во Република Полска.

Во текот на студискиот престој, нашите питомци се истакнаа во неколку спортски и воени активности и вештини, како што е прво место со фудбалскиот тим составен од питомци од неколку земји, трето место во натреварот 6man-army (армија од шестмина) каде имаше учесници и од Чешка, Полска и Литванија, како и трето место во стрелаштво. Со ова тие го покажаа тимскиот и натпреварувачки дух, кој нашата Академија го поттикнува во текот на студиите преку организирање бројни активности од својата област.

Студентската размена преку програмата Еразмус+ на питомците им нуди извонредна можност за стекнување на нови знаења, вештини и искуства преку студирање на партнерски воени академии ширум светот, како и за културна наобразба и нов поглед на студирањето, обуката и професијата во целост.

Галерија