ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

10.02.2024

Воената академија на 7-ми февруари беше домаќин на амбасадорот на Република Унгарија, неговата екселенција господин Андраш Клеин и унгарското одбранбено, воено и воздухопловно аташе, потполковник Ласло Надаш. На почетокот на дискусијата, амбасадорот истакна дека целта на неговата посета на Воената академија е иницијативата на реномираниот Национален универзитет за јавна служба од Будимпешта за воспоставување на соработка со високо образовна институција од Западен Балкан особено во делот на сајбер безбедноста. Во таа насока, од нивна страна, Воената академија е препознаена како лидер во областа на сајбер безбедноста во регионот и изразија интерес за заедничка организација на активности за обука на кадар, како и размена на студенти и професори во таа област.

Во овој контекст, Деканот на Воената академија, проф. д-р Митко Богданоски даде краток преглед на активностите кои Воената академија ги реализира во делот на сајбер безбедноста и дигиталните вештини и дека согласно Националната стратегија за сајбер безбедност, Воената академија гради Национален институт за сајбер безбедност и дигитална форензика. Деканот истакна дека Воената академија, преку Европскиот колеџ за безбедност и одбрана, веќе започна со воспоставување на соработка со Национален универзитет за јавна служба од Будимпешта и дека за оваа година се планира организирање на заедника активност со оваа високообразовна институција во делот на сајбер безбедност, а дека оваа средба ќе биде од особено значење за воспоставување на поквалитетно партнерство помеѓу двете високообразовни институции и плодна идна соработка.

На крајот, амбасадорот нагласи дека од месец јули Унгарија ќе го преземе преседателството со Европската Унија, а високо на агендата на неговата земја очекува да биде безбедноста на Европа. Деканот напомена дека постојат можности со користење на Европските фондови, преку заедничко учество и соработка, да се градат и развиваат капацитетите за едукација и обука во областа на сајбер безбедноста во двете држави, регионот, но и пошироко.

Посетата заврши со искажување на заедничка посветеност за поттикнување партнерство во областа на сајбер безбедноста, отворајќи го патот за заемна корист и напредок во областа.

Галерија