Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје учествуваше на третиот транснационален состанок организиран во рамките на проектот SETOFF (Smart Education and Training PrOgram For central and local government servants: Embrace vulnerability as our greatest and innovative tools For risk management) на 22 и 23 јануари 2024 година во Брисел, Белгија.
Откако директорот на FINNOVA го отвори состанокот, претставниците од партнерските институции на Воената академија кои доаѓаат од повеќе институуции од Белгија,Грција и Шпанија разговараа за значајните досегашни достигнувања на проектот и ги утврдија следните чекори потребни за реализација на целите на проектот.
За време на настанот, претставниците од Воената академија го презентираа својот придонес во однос на проектните активности, а посебно во врска со создавањето на платформа за е-учење и присуството на интернет поврзано со видливоста на проектот, отворајќи дискусија за понатамошна промоција на проектните активности и нивна успешна реализација.
Проектот се стреми кон подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа во секторите за кризен менаџмент,спасување и заштита, како и вклучување на приватниот сектор во процесот на справување со кризи и вонредни состојби преку развивање на иновативни е-обуки кои се темелат на успешно тестиран и спроведен симулациски модел во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и образование.