На ден 27.03.2023 година во Воената академија–Скопје, започна со реализација Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети, со вкупно 19 слушатели .
Целта на курсот е оспособување на слушателите за командирски должности, преку стекнување на основните сознанија за начинот на организацијата, планирањето и реализирањето на мисијата на ниво на чета, оспособување на слушателите за изведување на национални и здружени воени операции и операции од невоен карактер.
За реализација на Студиската програма на Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети се ангажираат наставници и соработници од одредени предметни подрачја како и експерти од АРМ и МО, а на кои им е доделена настава од страна на ННС на Воената академија.
Ова е по ред осми пат во Воената академија – Скопје да се реализира Курс за стручно и професионално усовршување на командири на чети.
Курсот се реализираше согласно одобрената Студиска наставна програма и Планот за реализација на ставата, во вид на редовна настава која е основна форма на наставно – образовниот процес, а се организира и се реализира низ предавања, презентации, работа посиндикати, консултации, анализи, вежби и практично – применети форми нанастава на терен и во центарот за симилации во Велес.
Курсот за стручно и професионално усовршување на командири на чети се реализираше во три модула од вкупно 24 работни дена или 144 наставни часа.
Предмети кои се обработуваа на Курсот според оваа Студиска програма се Тактика, Командување, лидерство и етика, Општи воени знаења.
Во насока на продлабочување на одличната билатерална соработка како и градење на меѓусебната доверба и пријателство, а согласно расположливите капацитети на Воената академија, се поканети по 1 (еден) офицер во чин поручник-капетан од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Република Косово да земат учество на курсот.На Курсот зема учество само еден преставник од Република Косово.
Курсот успешно го посетуваа и завршија 16 слушатели.
На ден 03.05.2023 година во Воената академија–Скопје им беа поделени сертификатите за посетување и завршување Курсот за стручно и професионално усовршување на командири на чети.
Курсот за стручно и професионално усовршување на командири на чети како и Курсот за штабни должности во баталјон претставуваат темелна база за натамошното стручно и професионално усовршување на офицерите на АРМ за извршување на мултинационални операции предводени од конвенционалните сили на НАТО